| четврток, 6 декември 2018 |

Тргнале во викендица – таму ги пречекале крадци со пиштол

Вчера во 12.00 часот во ПС Куманово, З.С. (51) од Куманово пријавил дека во неговата викендица на местото викано Зубовска река во атар на с.Зубовце, кумановско, над него и неговиот сосед Л.Д. (64) од Куманово, двајца непознати сторители извршиле разбојништво.

Кога З.С. и Л.Д. дошле пред влезната врата на викендицата, излегло непознато машко лице кое им вперило пиштол и им рекло да влезат внатре, каде било уште едно непознато лице. Сторителите им пребарале по облеката и од З.С. одзеле околу 8.000 денари и мобилен телефон, а од Л.Д. одзеле околу 2.000 денари и мобилен телефон. После тоа, едното лице држело пиштол вперен кон нив, а другото со кабел им ги врзало рацете и нозете,  по што  излегле од викендицата и со возило „рено сеник“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на З.С., побегнале во непознат правец.

По неколку минути и двајцата успеле да се одзврзат, излегле надвор и од соседите побарале телефон и настанот го пријавиле во полициска станица.

Од извршениот увид во викендицата, и по кажување на оштетениот, од викендицата недостасуваат телевизор, сателитски ресивер, ДВД , појачувач, музички миксети и други предмети.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top