Близок извор до таборот на актуелниот лидер во англиската Премиер лига, тимот на Челзи, откри дека раководните лица веќе неколку недели преговараат со агентот на чилеанскиот интернационалец од редовите на германскиот гигант Баерн (М), Артуро Видал.
Неофицијално, на стартот од зимскиот преоден рок, раководните лица на лондонските “сини” ќе испратат официјална понуда за искусниот играч за врска која нема да биде помала од 38 милиони фунти.
Новиот предводник на лондонските “сини”, Антонио Конте важи за голем фан на играта на поранешниот фудбалер на Баер од Леверкузен, со кого имаше одлична соработка додека двајцата беа дел од италијанскиот калчо гигант Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Абрамович ќе ги продаде најголемите ѕвезди, од Челзи си заминуваат дури девет играчи!?
-
Челзи нема да крене раце: Стравот од бројните понуди, ги натера „Плавите“ да подготват нов договор
-
Сака да го смени Лестер за Челси: Дринквотер поднел барање за трансфер
-
Конте открива колку килограми губи на секој натпревар (ВИДЕО)