Шест лица загинаа, а 13 се повредени во тешката верижна сообраќајна несреќа вчеравечер во близина на градот Бад Грененбах во јужна Германија.
Во несреќата, која веројатно настанала поради густата магла околу 1 часот утрово по локално време, учествувале три товарни возила и осум автомобили. Петмина загинале на лице место во нивните автомобили, кои биле целосно уништени, додека шестиот загинат со својот автомобил заглавил под еден од камионите.
Осум од повредените се уште се во болница со тешки повреди, некои во животна опасност.
Автопатот А7 е целосно блокиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.