| четврток, 6 декември 2018 |

Прво па машко во Скопје

Првото бебе во Скопје во 2017 година е машко, родено рано утринава во 04:15 часот во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.

Бебето е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри. Тоа е првородено дете на мајката Нуредини Рамадан Хикмет (1991), соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Традиционално се очекува првото бебе и мајката да ги посети градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top