Првото бебе во Скопје во 2017 година е машко, родено рано утринава во 04:15 часот во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.
Бебето е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри. Тоа е првородено дете на мајката Нуредини Рамадан Хикмет (1991), соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
Традиционално се очекува првото бебе и мајката да ги посети градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.