Зад нас е 2016 г., пред нас е новата 2017 година. И светот и ние во Македонија поминавме низ една тешка и турбулентна година. Светот во 2016тата година ги преполнуваше медиумите со настани кои беа производ на тензии, конфликти, терористички акти, неизвесност, економски кризи, мигрантски бранови, крупни меѓународни политички поместувања. Светот не е каков што беше. Се губеа традиционални пријателства, се стекнуваа нови, земјите покажуваа различност во нивните домашни и надворешни политики, граѓаните испраќаа пораки до политичарите, истакна во своето новогодишно обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Генерално година која ја испраќаме зад нас, гледајќи сите надеж во новата и времето на подобрување кое сите го очекуваме, рече Груевски.
-Нашата држава не ја одминаа проблемите. Кај нас би рекол беа и подлабоки од оние на повеќе места, но мора да се извлечат поуки и да се продолжи напред со обновена енергија и прецизно поставена цел.И покрај политичката криза добро е што Македонија ја зачува економската стабилност, со солиден економски раст, и што е најважно со континуирано намалување на невработеноста, на историски најниска стапка на невработеност од 23.4 отсто, и со голем број ново отворени работни места, кои се резултат на макотрпна работа и во оваа и во претходните години на овој план. Таа работа и таа посветеност не донесоа на ранг листата која еднаш годишно ја објавува Светската банка на 5тото место во Европа и 10то во светот според добрите услови за правење бизнис. Ова, заедно со фактот дека сме земја со најниски даноци во светот, и земја која изгради сериозни капацитети и систем за привлекување и поддршка за инвеститорите, а со тоа и нови работни места, како и постепено зголемување на економскиот стандард, сето ова е голем капитал, кој веќе се материјализира со голем број странски инвестиции, но и многу домашни кои или се прошируваат или започнаа нови активности, рече Груевски во своето обраќање.
Секако ако ја немавме политичката криза, додаде тој, на овој план можеше да се направи и многу повеќе, но би рекол во дадените околности се извлече максимумот.
-На сите нас, и на економијата потребна ни е политичка стабилност. Таквата политичка стабилност би гарантирала уште поголем број на инвестиции, на нови работни места и зголемување на стандардот во 2017тата. Јас лично, и партијата која ја предводам ќе направиме се што е во наша моќ да се обезбеди политичка стабилност, да заврши политичката криза и земјата да чекори напред. Креаторите на кризата ги одолговлекуваа изборите, но на крајот тоа стана неизбежно. Народот го кажа своето мислење, и тоа мора да се почитува. Секој од нас политичарите од различните политички партии треба да извлече поука од пораките кои граѓаните ги испратија на последните избори, и да се фокусираме да направиме најдобро за земјата и за сите граѓани во неа, подвлече Груевски.
Реформите кои водат кон подобрувања на секој план мора да продолжат. Во преден план треба да се интересите на граѓаните и на нашата заедничка држава Република Македонија. Треба да се поттиснат напорите за надворешни влијанија чија цел се туѓи, а не наши интереси, на нашата држава и граѓани.
-На последните избори некои политичари поттикнати од некои центри на моќ играа на картата на чувствата на различните етнички заедници во Македонија. Таа карта им беше инструмент за остварување на други цели. Во суштина сите ние, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите останати, христијаните, муслиманите, евреите, атеистите, сите се соочуваме со исти проблеми. На сите нам ни е потребен уште позасилен економски развој, нови работни места, повисок стандард, повисоки плати, пензии, субвенции, повеќе можности и шанси особено за секој млад човек, поспокојни денови за пензионерите, поголема сигурност за земјоделците, извесност и перспектива. Оттука, нашите напори треба да се концетрираат во тој правец. Ветувањата од кампањата мора да се реализираат. Разгорените страсти и преголемиот политички јаз да се да се намалат и нормализираат, меѓуетничките односи да се надградуваат во позитивен дух. Изборите се зад нас, и по формирањето влада треба да се зафатиме со работа и активности на економски план, на планот на реформите во сите области, на планот на стратешките приоритети за приклучувањето на Македонија кон НАТО и ЕУ, на продолжување на градење на соживот и заедничка иднина за сите нас, а особено за младите, рече Груевски.
Ние сме подготвени за тоа. Полни со енергија, со позитивна енергија, со ентузијазам, со желба за нови успеси на целото општество и држава, со подготвеност да се помогне на секој човек, на секоја индивидуа да успее, со добро зацртан план и стратегија влегуваме во новата 2017та година.
-Со заеднички напори, со одговорен пристап, посветено работење, држење до дадениот збор, со зацртана визија и со божја помош, верувам дека земјата ќе оди напред, а граѓаните ќе бидат позадоволни. Јас лично, никогаш не сум се штедел кога требало да се работи, да се решаваат проблемите, да се отвораат нови патишта и перспективи, и нема да се штедам ни во иднина, кога станува збор за мојот народ, за мојата држава, за нашата заедничка држава, за сите нас кои живееме во Република Македонија. Заедно со мојот тим, заедно со секој кој сака и може да помогне, ќе направам се што е во моја моќ, не само да ги остварам дадените ветувања, туку и да остварам повеќе од тоа. Секој од Вас, во новата година влегува со свои лични и семејни планови и проблеми, со лични желби и предизвици. Секоја индивидуа има свои цели, за кои да не заборавиме дека пред се е потребно добро здравје. Затоа, дозволете секуму од Вас да му посакам да има добро здравје, да го следи среќа, да има смиреност во душата, да дава и да добива љубов повеќе отколку било кога досега, и да ги оствари своите зацртани цели и планови. Нека Ви е среќна и успешна новата 2017та година, им посака на граѓаните на Република Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)