| четврток, 6 декември 2018 |

Над 60 повредени во стампедо на концерт во Австралија

Најмалку 60 лица на возраст од околу 20 години се повредени во стампедо на музичкиот фестивал Falls Festival во австралискиот град Лорн, соопшти во саботата полицијата, пренесува „Макфакс“.

Како што пренесува порталот The Age, 19 лица се здобиле со сериозни повреди на ‘рбетот, главата и лицето и тие се хоспитализирани. На другите медицинска помош им била пружена на самото место.

8155780-3x2-940x627

Според локалната полиција, стампедото се случило кога посетителите на фестивалот се обиделе да излезат во зоната каде што настапувала локалната грипа DMA, и да се упатат кон сцената на којашто настапувал британскиот бенд London Grammar.

Како што пишува порталот, разгневените родители на настраданите тинејџери испраќале пораки до организаторите на фестивалот преку официјалната страница на Facebook за да добијат повеќе информации, биејќи не можеле да стапат во контакт со своите деца, но не добиле одговор.

Годишното издание на фестивалот во Лорн, во сојузната држава Викторија, привлекол повеќе десетици илјади млади. Просторот за посетителите е сместен на голем тревник на чиј крај е главната сцена на која настапуваат музичарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top