| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус ќе извиси – И Витсел пред трансфер во Кина?

aksel vitsel

Трансферот на Аксел Витсел во Јувентус летово беше скоро завршена работа, а белгиецот во торино чекаше да го потпише договорот. Откако Зенит не ги испрати потребните документи, Витсел се врати во рускиот тим, а сега на сцена не стапија кинеските милионери кои сакаат да го направат Белгиецот најнова ѕвезда што ќе го напушти европскиот фудбал за да се пресели на Далечниот исток.

Руските медиуми објавија дека Зенит добил фантастична понуда што планира да ја прифати, со која Витсел би му се приклучил на Оскар во тимот на Шангај Шенхуа. Понудата до рускиот гигант изнесува 20 милиони евра, што е тир пати повисока од оние шест милиони што ги понуди Јувентус за да го доведе Витсел во јануарскиот преоден рок.

Белгискиот играч за врска има договорено четиригодишна соработка со „старата дама“ за плата од 4,5 милиони евра по сезона. Кинезите му нудат на фудбалерот огромни 18 милиони евра годишно, што сигурно е доволна причина тој самиот да се најде во дилема дали да остане дел од врвниот европски фудбал или да тргне по патот на парите кон далечната Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top