Гласовите на ДУИ одат кај СДСМ, а тоа се оние командантски структури и оние вахабиситчки структури во кумановско и скопско кои претходно се врзувале за ДУИ, а тоа е со купување на ромски и турски гласови, објаснува во анализата при своето гостување на РСМ, новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов.
Токму тоа ја дава онаа бројка и го зголемува резултатот, вели Ефтов.
-Има поставено одредени криминалци во полициските структури. Тоа јавно се кажуваше но ВМРО-ДПМНЕ ништо не направи бидејќи очекуваше сирен изборен резултат и сигурна победа и затоа само се нотираше но ништо не се делуваше по однос на тие прашања. Имате полициска кола на почетокот и на крајот на селото и одредени полициски структури делат или ги носат по штабовите на одредена политичка партија или ги носат во одредени џамии и така се делат тие и затоа тоа не можеше да биде документирано, објаснува Ефтов.
По однос на прашањето за средства од правична распределба на средствата од буџетот, кој доаѓа од албанските структури, Ефтов смета дека прво треба да се направи попис.
-Тие сметаат дека ако има 25% или 22% Албанци дека треба толку пари од буџетот да одат во средини каде што тие се мнозинство или каде што Албанците се на чело на локалната самоуправа. Тоа е таа нивна матрица и стратегија. Но тоа мора да биде бројчано и поткрепено. Треба да има попис каде што ќе се види кој колку брои во рамки на Република Македонија, заклучува Ефтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)