| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пораз на лажгото и на неговите следбеници

2016 бе­ше уште ед­на го­ди­на на мно­гу ла­ги од СДСМ. Поч­на и за­вр­ши со ла­га од вр­ху­шка­та. Во жи­вот, во ме­ѓу­вре­ме, го одр­жу­ва­ат лаж­ни­те број­ки ка­ко 500.000 фан­то­ми, 600.000 исе­ле­ни, 20.000 прис­лу­шу­ва­ни, за да за­вр­ши со 600.000 гла­со­ви?! За жал, исто­ри­ја­та ка­жу­ва де­ка и сто­па­ти ка­жа­на­та ла­га оста­ну­ва са­мо ла­га. Бед­на и про­ѕир­на. Но не и кај За­ев и ком­па­ни­ја, кои се сѐ са­мо не пар­ти­ја. Мо­же­би ан­ти­ма­ке­дон­ска, не­ли. „При­до­би­вка­та“ од го­ди­на­ва е што, ко­неч­но, се во­об­ли­чи сце­на­ри­о­то на „ча­до­рот“, кое За­ев го те­ра ве­ќе че­твр­та го­ди­на. Ни­што не би­ло сти­хиј­но ка­ко што изг­ле­да­ше. А тие што не ве­ру­ваа во бе­скру­пу­лоз­но­ста на пар­ти­ја­та, вре­ме е да се отрез­нат. Зна­е­те, отрез­ну­ва­ње во сти­лот на бу­де­ње до гр­до­то ли­це на СДСМ...

За жал на Ма­ке­до­ни­ја, 2016 го­ди­на поч­на исто ка­ко што за­вр­ши. Со кри­за и со ла­ги. Мно­гу ла­ги. СДСМ ја поч­на го­ди­на­та ла­жеј­ќи де­ка ќе оди на из­бо­ри во април, а ја за­вр­ши со ла­ги де­ка по­бе­ди­ле со 600.000 „гра­ѓа­ни“. Во ме­ѓу­вре­ме , пад­наа и мно­гу дру­ги ла­ги, фан­то­ми и исе­ле­ни, а во сре­ди­на на го­ди­на­та, по ло­ша на­ви­ка, исто та­ка, си ла­же­ше за из­бо­ри. И по­втор­но де­ка ќе оди на нив, но ги од­ло­жи со за­ка­на за бој­кот. Во ме­ѓу­вре­ме, на ум му пад­на „од­лич­на“ иде­ја, па та­ка пред­во­ден од ли­де­ро­ви­те иска­зи, Ал­бан­ци­те ги ма­ме­ше и ла­же­ше со дво­ја­зич­ност и со ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, а Ма­ке­дон­ци­те, пак, ги ла­же­ше де­ка тоа не­ма­ло вр­ска?! Се­то тоа на по­че­то­кот изг­ле­да­ше сти­хиј­но и ка­ко те­шка глу­пост, но пот­по­мог­на­то од „ча­до­рот“ на те­рен и од Со­ро­со­ви­те ме­ди­ум­ски фи­ли­ја­ли во ете­рот, при­ка­ска­та ја ку­пи­ја до­бар дел од гла­са­чи­те. Иа­ко, спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те, по­ве­ќе­то или „ре­ша­вач­ки­те“ гла­са­чи, се­пак, не ја ку­пи­ја ту­ку ја нап­ла­ти­ја. Со­ле­но…

Уште по­го­лем проб­лем ста­на што не­до­вет­ни­от ли­дер ре­чи­си се­кој ден од 2016 ле­то Гос­по­до­во бе­ше фа­ќан во но­ва ла­га, ко­ја по­бе­зо­браз­на од по­бе­зо­браз­на, но тоа ка­ко во­оп­што да не им пре­че­ше на не­го­ви­те вер­ни обо­жа­ва­те­ли, сле­пи след­бе­ни­ци, кои за­ма­ја­ни и опи­е­ни од жел­ба­та да би­дат по­и­на­кви, да ги ви­ка­ат „гра­ѓа­ни“ и да за­ста­нат кон­тра „сто­ка­та“ што тол­ку јас­но ја опре­де­ли­ја и име­ну­ваа чле­но­ви­те на вр­ху­шка­та, ка­ко да ужи­ваа во ла­ги­те на сопс­тве­ни­от во­дач. Очиг­лед­но, не­до­сти­гот од вни­ма­ние го ком­пен­зи­раа со но­воз­до­би­е­но­то од пар­ти­ја­та. Иа­ко од ин­те­рес. Уште по­о­чиг­лед­но, не­до­вет­ни­те че­да ја пре­ско­на­ле пу­бер­тет­ска­та фа­за во ко­ја е ле­ги­тим­но да се са­ка да се би­де по­и­на­ков, не се­ксу­ал­но, ту­ку во од­не­су­ва­ње­то, об­ле­ку­ва­ње­то, ими­џот, раз­мис­лу­ва­ње­то. Та­ка, нор­мал­ни­те лу­ѓе беа пан­ке­ри, ме­тал­ци, ро­ке­ри, мо­тор­џии, ал­тер­на­тив­ци, дар­ке­ри, па и крем­чи­ња, скеј­те­ри и фол­ке­ри, а но­во­пе­че­ни­те за­доц­не­ти „по­и­на­кви“ ста­наа ша­ре­ни „ре­во­лу­ци­о­не­ри“ и сим­па­ти­зе­ри на СДСМ.

Ве­ро­јат­но, оста­ну­ва и на­ша­та прог­но­за од пред по­ло­ви­на го­ди­на за ре­зул­та­ти­те од го­ди­наш­на­та ен­дем­ска „ре­во­лу­ци­ја“, ко­ја го сра­ме­ше зна­че­ње­то на збо­рот. Да, по­ло­ви­на век од се­га, не­кој де­до ќе им се фа­ли на вну­ци­те: „И та­ка ми­ли мои, де­до ви пред 50 го­ди­ни те­ра­ше ре­во­лу­ци­ја! И бо­ја­ди­су­ва­ше ли бо­ја­ди­су­ва­ше, чу­да од бо­ја­ди­су­ва­ње пра­ве­ше!“ А на нив­но­то пра­ша­ње: „И што на­пра­ви­вте де­до, кои беа ре­зул­та­ти­те од ре­во­лу­ци­ја­та?“ Тој се за­каш­лу­ва, по­цр­ве­ну­ва и гор­до вик­ну­ва: „Освен огром­на ма­те­ри­јал­на ште­та што ја пла­ти на­ро­дот, двај­ца нај­из­ви­ка­ни, нај­по­дат­ли­ви и нај­го­ле­ми ни­ка­кве­ци од нас ста­наа пра­те­ни­ци че­да мои, со уба­ва пла­та, на­стра­на апа­на­жа! Ете тоа бид­на од на­ша­та ре­во­лу­ци­ја! Кх, кх, кх!“…

 

Веселата математика и виртуелното изборно конто на СДСМ

Це­ла­та стра­те­ги­ја на СДСМ овие го­ди­ни се ба­зи­ра на ед­на единс­тве­на ос­но­ва. Тоа е ла­га­та, пре­у­ве­ли­чу­ва­ње­то и неј­зи­но­то по­вто­ру­ва­ње. Нив­ни­те не­ин­вен­тив­ни и без­и­деј­ни ју­риш­ни­ци, фа­те­ни во тес­но и со ку­сок од 100.000 гла­со­ви ја упо­тре­би­ја ста­ра­та и ис­про­ба­на стра­те­ги­ја. И та­ка, ос­нов­на пре­ми­са што ги во­де­ше во жи­во­тот бе­ше и оста­на „сто­па­ти ка­жа­на­та ла­га ста­ну­ва ви­сти­на“. Па без проб­лем си ла­жеа за сто­ре­ни­от кри­ми­нал од вла­ста, кој бе­ше и оста­на са­мо бед­на ин­ди­ци­ја и пу­ста жел­ба на Ка­ти­ца Ја­не­ва, си те­раа кам­па­ња во ко­ја ги вра­ќаа из­мис­ле­ни­те 600.000 исе­ле­ни мла­ди ли­ца од др­жа­ва­та, па си из­мис­ли­ја не­ве­ро­јат­ни 500.000 фан­то­ми, кои ис­чез­наа со про­чи­сту­ва­ње­то на спи­со­кот (еден од ре­тки­те оста­на фан­то­мот Нај­чев­ска, чо­век, си­гур­но, не е) за да за­вр­шат со ла­га­та де­ка СДСМ и, ве­ру­ва­ле или не, ту­ку 600.000 гра­ѓа­ни ре­ши­ле де­ка се за про­ме­ни. За ла­га­та да би­де уште по­го­ле­ма, освен што ја „тру­беа“ и пла­си­ра­ат во се­ко­ја из­ја­ва и со­оп­ште­ние од шта­бот, не ни се по­тру­ди­ја да об­јас­нат на што се дол­жи оваа без­о­браз­на број­ка. Ва­ка, ед­но­став­но и без проб­лем си ги при­сво­и­ја си­те гла­со­ви (освен тие на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ) и си ги прог­ла­си­ја за свои?! Не би нѐ за­чу­ди­ло до­кол­ку За­ев по Но­ва го­ди­на из­ле­зе и ка­же де­ка за про­ме­ни, всуш­ност, би­ле уште по­ве­ќе „гра­ѓа­ни“, па да си ги при­свои гла­са­чи­те од Гр­ци­ја на Ци­прас, зо­што да не и на Цр­ве­ни­те Кме­ри од Кам­бо­џа. Чу­му да не би­де та­ка, па си­те тие се или би­ле за не­ка­кви про­ме­ни. Тоа што не­ма­ат вр­ска со За­ев и со не­го­ва­та ква­зи­и­де­о­ло­ги­ја и та­ка не е бит­но. Ко­га мо­же­ше да ги зе­ме кај се­бе и да ги при­свои во „про­ме­ни­те“ гла­со­ви­те на ВМРО за Ма­ке­до­ни­ја, штет­ни­ци­те со, де­мек, дес­ни­чар­ска ори­ен­та­ци­ја, зо­што, на при­мер, не би при­сво­ил и гла­со­ви­те на бу­гар­ски­от ве­чен гу­бит­ник и нив­ни при­ја­тел Ста­ни­шев. Ќе ги обе­ди­ни ли За­ев си­те гу­бит­нич­ки пар­тии во Евро­па? По­ве­ро­јат­но, за оче­ку­ва­ње е За­ев на вир­ту­ел­но­то гла­сач­ко кон­то на СДСМ да ги до­да­де гла­со­ви­те на срп­ско­то дви­же­ње Две­ри. Па и та­ка це­лос­но им ја укра­доа и од збор до збор це­лос­но ја ко­пи­раа про­гра­ма­та. Ду­ри и сце­но­гра­фи­ја­та за ми­тин­зи. Но не де­ка се без­и­деј­ни и мрз­ли­ви, ту­ку де­ка беа пре­за­фа­те­ни со ре­де­фи­ни­ра­ње­то на др­жа­ва­та и со па­ку­ва­ње­то на не­при­стој­ни­те пред­ло­зи за Ал­бан­ци­те. Оправ­да­но, не­ли…

 

Четири години игри за разнебитување на државата

СДСМ ка­ко пар­ти­ја по­стои це­ли 25 го­ди­ни, но во пос­лед­ни­те че­ти­ри го до­стиг­наа вр­вот. За­че­то­кот на при­ка­ска­та бе­ше анар­хи­ја­та што ја вне­соа во Со­бра­ни­е­то и ко­ја по­ра­ди нив­ни­те глу­по­сти кул­ми­ни­ра­ше на 24 де­кем­ври 2012 го­ди­на, из­ну­ден и по­са­ку­ван ре­зул­тат на не­кол­ку­ме­сеч­ни­те ме­ша­ни­ци во кои актив­но учес­тву­ва мно­гу то­гаш­ни функ­ци­о­не­ри, пре­ка­ле­ни со­ци­јал­де­мо­кра­ти, кои за са­мо че­ти­ри го­ди­ни ги „изе­де“ За­е­ви­за­ци­ја­та на пар­ти­ја­та. Исти­те тие, сѐ уште пред­во­де­ни од Цр­вен­ков­ски, те­раа „от­пор“, пра­веа про­те­сти со авто­мо­би­ли и што ли уште не.

Та­мам ко­га ре­ши­ја да ја зго­ле­мат ма­сов­но­ста и на по­мош за „оп­тич­ка мам­ка“ да ги вклу­чат ка­ми­о­ни­те и во­зо­ви­те на про­те­сти, дој­де Фи­ле и пад­на Мар­тов­ски­от до­го­вор во 2013 го­ди­на. Вед­наш по не­го, сле­ду­ваа ло­кал­ни­те из­бо­ри на 24 март и на 7 април, на кои по тол­ку „от­пор“ и про­те­сти, СДСМ за­гу­би со огром­на раз­ли­ка од ВМРО-ДПМНЕ. Вед­наш сле­ду­ва­ше кон­грес, па гу­бит­ни­кот, „на­па­те­ни­от“ БЦ, му­дро се пов­ле­че и му го пре­пу­шти со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от трон на Зо­ран За­ев, до­то­гаш поз­нат са­мо ка­ко по­ра­не­шен „чу­вар на тро­нот“ и гра­до­на­чал­ник або­ли­ран за кри­ми­нал од осум ми­ли­о­ни евра ток­му од екс­пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та и на пар­ти­ја­та. Не­го­ви­от про­ти­вкан­ди­дат Зо­ран Јо­ва­нов­ски ис­чез­на од сце­на­та, исто ка­ко и Игор Ива­нов­ски – Ше­ма, кој све­сен за ме­сте­ње­то се отка­жа на еден ден пред из­бо­ри­те. Единс­твен га­ваз и ве­рен след­бе­ник му оста­на кон­тра­кан­ди­да­тот за пре­тсе­да­тел на СДСМ Ки­ре На­у­мов, кој бла­го­да­ре­ние на тоа „до­тур­ка“ до до­пол­ни­те­лен ми­ни­стер во фи­нан­сии.

След­на­та, 2014 го­ди­на на по­ли­тич­ки план ќе оста­не поз­на­та по ка­та­стро­фал­ни­от по­раз на СДСМ на пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, кои се одр­жаа за­ед­но со пре­тсе­да­тел­ски­те и кои при­до­не­соа за про­ши­ру­ва­ње на де­бак­лот. ВМРО-ДПМНЕ по­бе­ди со око­лу 200.000 гла­со­ви раз­ли­ка, а Ива­нов го по­бе­ди „не­за­вис­ни­от“ Пен­да­ров­ски со са­мо 136.000 гла­са раз­ли­ка. Шлаг на тор­та­та бе­ше из­не­на­ду­ва­ње­то што го при­ре­ди За­ев, кој во 19.30 из­ле­зе и без ни­ту еден ар­гу­мент од­би да ги приз­нае из­бо­ри­те. За по­тсе­ту­ва­ње, пар­ти­ја­та не­ма­ше под­не­се­но ни­ту еден при­го­вор до ДИК. Си­те се чу­деа, но од де­неш­на перс­пе­кти­ва зна­е­ме де­ка За­ев ве­ќе зна­ел за не­за­кон­ски прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри, сни­ма­ни ток­му до тој пер­и­од, но не и по­тоа. То­гаш сѐ изг­ле­да­ше лу­до, слич­но ка­ко и дво­ја­зич­но­ста и ре­де­фи­ни­ра­ње­то го­ди­на­ва, но сце­на­ри­о­то по­ле­ка се скло­пу­ва. Сле­ду­ва­ше бој­кот на пар­ла­мен­тот, бла­ги ре­ак­ции на Бри­сел и на Ва­шин­гтон за глу­пи­ра­ње­то на СДСМ и по­че­ток на дејс­тва­та во ме­га­а­фе­ра­та „Пуч“, т.е. оби­дот на За­ев да го уце­ни Гру­ев­ски со „бом­би­те“.

2015 го­ди­на, Гру­ев­ски го „пре­стиг­на“ За­ев и об­ја­ви де­ка За­ев го уце­ну­вал со не­за­кон­ски прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри. На­бр­гу по­тоа, ли­де­рот на СДСМ ве­ќе во де­фан­зи­ва во фе­вру­а­ри поч­на да ги об­ја­ву­ва на па­те­тич­ни прес-кон­фе­рен­ции, из­ла­жа де­се­ти­ци па­ти за по­тек­ло­то, бро­јот, прис­лу­шу­ва­ни­те и што ли уште не, и са­ми­от без си­те ин­фор­ма­ции што „ча­до­рот“ по­сте­пе­но му ги до­зи­ра­ше спо­ред зас­лу­га­та и сог­лас­но­ста за ан­ти­на­ци­о­нал­ни­те от­стап­ки. Па­ро­ди­ја­та со пе­тар­ди­те, за ко­ја мно­гу­ми­на уште од са­ми­от по­че­ток тре­ба­ше да за­вр­шат в за­твор, за­вр­ши со до­го­во­рот од Пр­жи­но, на кој пар­ти­и­те со по­средс­тво на евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан се до­го­во­ри­ја да одат на пред­вре­ме­ни из­бо­ри во април 2015 го­ди­на, за тех­нич­ки­те ми­ни­стри, ад хок те­ла­та итн. Кра­јот на 2015 го­ди­на бе­ше зас­ла­ден со до­а­ѓа­ње­то на нај­ло­ши­от по­сред­ник во исто­ри­ја­та на по­сред­ниш­тво­то, Пи­тер Ван­ха­у­те, европ­ски би­ро­крат и кла­си­чен не­до­дел­кан лик, кој си по­и­гру­ва­ше со на­ци­ја­та и со си­те ма­ке­дон­ски вред­но­сти и кој по­крај си­те иди­от­ски ра­бо­ти ус­пеа да ста­не пред­мет на обо­жу­ва­ње од ед­на идо­ло­пок­ло­нич­ка по­ста­ва на из­бра­ни ма­ке­дон­ски ни­ка­кве­ци.

 

2016 – година кога сценариото, конечно, се вообличи

Та­ка, ор­ни и до­го­во­ре­ни за из­бо­ри вле­гов­ме во пос­лед­на­та, ве­ќе из­ми­на­та 2016 го­ди­на. Ар­но ама, си­те, освен СДСМ, вле­гоа во неа со убе­ду­ва­ње де­ка се оди на из­бо­ри на кои сѐ ќе се до­точ­ни и ќе се ста­ви крај на кри­за­та, ко­ја ја гло­да­ше еко­но­ми­ја­та. Са­мо вр­ху­шка­та од „Па­вел Ша­тев“ уште од то­гаш зна­е­ше де­ка не­ма да оди на пред­ви­де­ни­те из­бо­ри на 24 април, ни­ту на вто­ра­та оп­ци­ја 5 ју­ни. Тие си ти­пу­ваа на 11 де­кем­ври уште од то­гаш, за да ѝ да­дат вре­ме на ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ да ги прив­ле­че „ина­кви­те“ и за да за­вр­ши со дво­ја­зич­ност и со фе­де­ра­ли­за­ци­ја. Си­те че­ко­ри, ка­ко и са­мо­то не­приз­на­ва­ње на из­бо­ри­те во 2014 го­ди­на, на по­че­то­кот изг­ле­даа сти­хиј­ни, не­ло­гич­ни и не­про­ду­ктив­ни, но не би­ло та­ка. Ко­неч­ни­от удар го на­не­соа не­при­стој­ни­те по­ну­ди на За­ев до ал­бан­ски­от еле­кто­рат. Тој им по­ну­ди не­што што ре­ал­но не им тре­ба, играј­ќи ја сво­ја­та пред­ви­де­на рол­ја во сце­на­ри­о­то на со­на­род­ни­кот на Квен­тин Та­ран­ти­но. Со­се­ма „слу­чај­но“ За­ев ус­пеа да до­пре до ср­це­то на нај­ра­ди­кал­ни­те ал­бан­ски сре­ди­ни ка­ко Та­ну­шев­ци, Ди­во На­се­ље и Ара­чи­но­во. Ка­ко и да е, из­бор­ни­те ре­зул­та­ти ги из­не­на­ди­ја си­те, а нај­из­не­на­ден бе­ше СДСМ, за­тоа што не­кој му ве­ти де­ка, де­фи­ни­тив­но, ќе по­бе­дел. Та­ка, За­ев си ја де­по­ни­ра­ше јав­но сво­ја­та оста­вка и као гра­до­на­чал­ник и ка­ко ли­дер на пар­ти­ја за по­тоа да се све­сти и да се ва­ди со ин­до­лент­но­то „600.000 гра­ѓа­ни гла­саа за про­ме­ни“ т.е. де­мек тие по­бе­ди­ле. На­стра­на што не за­луд­но се наг­ла­су­ва гра­ѓа­ни, нас­про­ти кои, ба­рем во нив­ни­те очи, гла­саа 600.000 се­ла­ни…

За жал, очиг­лед­но, из­бо­ри­те не се тол­ку по­са­ку­ва­ни­от крај на кри­за­та, ко­ја со по­че­то­кот на 2017 го­ди­на са­мо ја зго­ле­ми во­зра­ста. За жал, тре­ба­ше тол­ку мно­гу вре­ме и го­ди­ни за си­те да сфа­тат што би­ла цел­та на За­ев и на не­го­ви­те за­штит­ни­ци, бла­го­да­ре­ние на кои се слу­чи се­то ова во Ма­ке­до­ни­ја. То­ле­ран­ци­ја­та на „бом­би­те“, ша­ре­ни „ре­во­лу­ции“, ам­ба­са­дор­ски ин­тер­вен­ции и ка­кви ли не глу­по­сти, бе­ше очиг­лед­на гре­шка. Да, очиг­лед­но ни­кој не игра­ше на кар­та­та на про­да­ва­ње­то на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си, крај­на­та бе­скру­пу­лоз­ност, ма­ки­ја­ве­ли­зам и ал­ба­ни­за­ци­ја на СДСМ, ко­ја се­га е во би­тка со БЕСА за при­ма­тот на нај­го­ле­ма­та ан­ти­ма­ке­дон­ска пар­ти­ја.

По­стиз­бор­но­то трез­не­ње на дел од Ма­ке­дон­ци­те, кои утро­то на 12 де­кем­ври се раз­бу­ди­ја до гр­до­то ли­це на СДСМ и сфа­ти­ја де­ка не­ма ни­што од иде­о­ло­ги­ја и ре­во­лу­ци­ја и де­ка сѐ би­ло го­ла бор­ба за власт пре­ку ид­но за­гор­чу­ва­ње на жи­во­тот на по­ко­ле­ни­ја­та со без­о­бра­зен флерт со Ал­бан­ци­те, се­пак, до­а­ѓа за­доц­не­то. Ма­мур­ла­кот пре­диз­ви­кан од нив­на­та опи­е­ност со глу­по­сти­те на За­ев и вру­шка­та ќе го по­ми­нат со те­шко­тии. Вре­ме им е, оста­на­ти­от дел од на­ро­дот ве­ќе одам­на блуе од по­ну­де­но­то од За­ев. Нив­на­та евти­на ла­га ска­по ќе ја чи­ни др­жа­ва­та. „На чо­век мо­жеш да му да­деш, не мо­жеш да му зе­меш со си­ла“ из­ја­ви ед­наш ли­де­рот во Стру­ми­ца. Епа, вре­ме е не­кој, ма­кар со си­ла, да им да­де и вса­ди мал­ку на­ци­о­нал­но чув­ство. Крај­но вре­ме…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 226. број на неделникот „Република“, 30.12.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top