| четврток, 6 декември 2018 |

Франција комплетна ќе го започне мундијалот, повредата на Карабатиќ не е сериозна

nikola-karabatic

Француската ракометна нација може да здивне по дополнителните лекарски прегледи на Никола Карабатиќ. Најдобриот ракометар на светскиот првак не е сериозни повреден и на почетокот од 2017 година ќе започне со тренинзи.

Ѕвездата на ПСЖ и некогашниот соиграч на Кире Лазаров во Барселона, се повреди на мечот со Нант во францускиот шампионат, но лекарските прегледи потврдија дека нема повреда на мускулот и превентивно ќе одмора во првите денови од новата година.

Франција како домаќин е голе фаворит за освојување на златниот медал на Мундијалот, кој ќе го отвори на 11 јануари против Бразил. Во оваа А група на Светското првенство се наоѓаат уште Полска, Норвешка, Русија и Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top