Во пожарот што избувна денеска околу девет часот зад „Дрводекор“ во центарот на Скопје, изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија.
Ѕвонко Томевски, командант на бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА за изјави дека во пожарот нема повредени лица.
– Пожарот е локализиран и во тек е расчистување на локацијата. Во пламен беше покривната конструкција, а противпожарните екипи интервенираа брзо. Јавувањето за пожарот беше во 9 часот и 15 минути, а е изгаснат за десетина минути – изјави Томевски.
Во гаснењето на пожарот беа вклучени осум противпожарни возила. Повеќе фотографии тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.