| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре дел од сервис за плински уреди зад „Дрводекор“

Во пожарот што избувна денеска околу девет часот зад „Дрводекор“ во центарот на Скопје, изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија.

Пожар

Ѕвонко Томевски, командант на бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА за изјави дека во пожарот нема повредени лица.

– Пожарот е локализиран и во тек е расчистување на локацијата. Во пламен беше покривната конструкција, а противпожарните екипи интервенираа брзо.  Јавувањето за пожарот беше во 9 часот и 15 минути, а е изгаснат за десетина минути – изјави Томевски.

Во гаснењето на пожарот беа вклучени осум противпожарни возила. Повеќе фотографии тука.

Пожар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top