| четврток, 6 декември 2018 |

Последната „фудбалска“ мастика на Фергусон продадена за 150 илјади фунти

Сер Алекс Фергуосн е икона, а сѐ што допре во Манчестер јунајтед претвори во успех, трофеи, победи. Дури и мастиките што постојано ги џвакаше на фудбалските терени вредат вистинско богатство. Последната на простувањето против Вест Бромвич Албион во неделата заврши на аукција, а велат дека веќе е продадена за неверојатна сума од 150 илјади фунти. Дали е таа вистинската не е потврдено, но пронајдена е на теренот на ВБА, во Бирмингам и по тајни канали се најде на продажба на „И-беј“. Откако достигнала цена од 150 илјади фунти, била симната од спискот за продажба, па се претпоставува дека има нов сопственик. Комплетната сума, според најавите, оди во фондацијата на Манчестер јунајтед, клуб од кој Фергусон си замина по 26 сезони успешна работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top