Додека целиот свет чека 2016 година да заврши и се моли годинава да заврши без да се загуби уште некоја славна личност, Чарли Шин знае кого следен би застрелал.
Додека Твитер е полн со „RIP твитови“ и тажни објави за мајката и ќерката Кери Фишер и Деби Рејнолдс, Чарли Шин напиша без кого сака да влезе во 2017 година.
– Мили Боже, земи го Трамп, те молам, напиша Шин.
Некои читатели ги насмеа неговата објава, а многумина го осудија, затоа што им посакува смрт на другите.
– Да се посакува на некого смрт затоа што не се согласуваш со неговата политика е дното, се наведува во еден од коментарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.