| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарскиот и грчкиот претседател координирани – и Плевнелиев не доаѓа во Охрид

plevnelie1

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, го откажал присуството на претседателскиот самит во Охрид. На 1 јуни  Бугарија ќе ја претставува премиерот Марин Рајков, јави „Дневник“.
Од кабинетот на шефот на државата, Ѓорге Иванов, истакнале дека без образложение поминало откажувањето на Плевнелиев, а од Софија добил само известување дека наместо претседателот, на самитот на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа ќе дојде премиерот.

karolos papulas
Иванов на самитот ќе биде домаќин на колегите од Албанија, Хрватска, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина и министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу. Од МНР за весникот информирале дека шефот на дипломатијата Никола Попоски сè уште не добил одговор дали на министерскиот самит во Охрид ќе дојде грчкиот колега, Димитрис Аврамопулос, а Иванов, исто така, сè уште чека одговор за еветуалното присуство на првиот човек на Грција, Каролос Папуљас.
Најдоцна до среда ќе се знаат гостите на самитот со кој треба да се заокружи македонското претседавање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top