| четврток, 6 декември 2018 |

Почна да работи електронска продавница за уметнички дела

На платформата освен дела изработени на традиционален начин на изработка имаат и дела во дигитална форма

Слики, накит, скулптури, ламби, облека, дизајнерски решенија….. може да се најдат во електронската продавница на платформата „Модулар“. На 27 декември почна нејзината промоција со отворањето на изложбата во „Јавна соба“. Настанот ќе трае до 3 јануари.

Од 27 декември до 3 јануари во „Јавна соба“ ќе може да се подигнат производите купени од електронската продавница на „Модулар“.  Истовремено може и да ги нарачувате преку интернет, па да ви стигната на домашна адреса. Креатор на оваа идеја е уметничката Нина Нинеска. Таа сето ова го создаде за што побргу и полесно љубителите на уметноста да  стигнат до саканиот автор и до негово дело. Во иднина целта е ширење на продажбата и во странство.

– Како уметник и дизајнер  имав проблем да ги пласирам производите што ги создавав, како кај нас така и во странство. Во 2013 година учествував на Скопската недела на дизајнот. Тогаш се соочив со фактот дека немаме можност да ги пласираме производите надвор од земјава.  Тргнувајќи од овој проблем и немајќи платформа за интернет продажба дојдов до решението за креативна платформа со заедница е пазар. Modular artdesign.com е интернет креативна платформа со заедница и маркет/ продавница за уметници и дизајнери – вели Нинеска.

Таа вели дека има голем број заинтересирани уметници, кои досега немале можност за ваков вид изложба и продажба кај нас па и надвор од границите.

На платформата освен дела изработени на традиционален начин на изработка имаат и дела во дигитална форма. Ги повикуваме сите дизајнери кои изработуваат вакви дела а немаат финално изработени производи од материјал да аплицираат на платформата со својот дигитален дизајн. Во иднина може да произлезе соработка со некои од производителите и дизајн компаниите и да се пласираат на пазарот. Сите овие новитети ќе бидат презентирани од 27 декември до 3 јануари во „Јавна соба“. Таму ќе може да се купат делата од продавниците на селектирани уметници и дизајнери на платформата Модулар.

Засега има 14 креативни продавници на: Нина Нинеска, Доне Милјановски, Мила Ивановска, Нела Тодоровска, Марта Мојсова, Ана Андроска, Меи Ро (Маја Стојковска и Сандра Јовановска), Тоциноски, Зоран Кардула, Соња Димовска, Цветанка Јованова, Александар Пешевски, Андреј Митевски и Eми Норис.

–  Целта на оваа продавница е по електронски пат да си нарачате уметничко дело или креација, а ние да ви го дистрибуираме до дома. Може да си го нарачате производот преку интернет и да дојдете да си го подигне од „Јавна соба“ за време на изложбата – велат од „Модилар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top