Нoќеска во 1.30 часот во Ургентениот центар во Гостивар биле примени лицата С.А. (35) и С.Ф. (25), двете од Косово, кои се здобиле со повреди од физички напад.
Повредените вечерта влеле во Македонија и пристигнале во с. Чегране, каде што биле ангажирани да пеат на свадба во ресторан, организирана лице од с.Форино.
Во 1.15 часот, по завршување на свадбата, пред ресторанот им пришло лицето Г.А. од с.Чегране, син на сопственикот на ресторанот, и без повод и причина физички ги нападнал удирајќи ги со дрвена палка во пределот на главата и на телото.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.