| четврток, 6 декември 2018 |

Човечка и техничка грешка причина за падот на рускиот авион

Истрагата на руското Министерство за одбрана откри дека несреќата на авионот Ту-154 е предизвикана од човечка и техничка грешка. Односно, откажување на дел од опремата, по што авионот почнал да губи контрола, пренесува „RT“. Министерот за транспорт изјавил дека „воздухопловната опрема не работела како што треба“.

– Очигледно е дека опремата не работела како што треба. Зошто е тоа така ќе утврдат експерти. Формирана е техничка комисија која ќе ги испита сите детали на случајот. Резултати од истрагата може да очекуваат во јануари – изјавил Максим Соколов, шеф на истражната комисија која ја испитува причината за падот на рускиот авион.

Министерството за одбрана истакнало дека немало бомба во авионот, но дека се уште не се исклучува можноста за терористички напад, пренесува „TASS“.

Максим Соколов додал дека официјалните резултати од истрагата нема да бидат откриени се додека не се анализираат сите црни кутии од авионот ко јсе урна.

„TASS“ наведува дека сите остатоци од авионот кои се идентификуваи се извлечени од водата. Пронајдени се повеќе од 1800 делови од авионот, 19 тела и 239 делови од тела.

– На почетокот истрагата имаше 15 верзии, а сега има помалку од половина, – изјавил Сергеј Бајнетов директор на службата за безбедност на воздухопловни летови.

Во меѓувреме нуркачите ја пронашле и третата црна кутија од рускиот авион, а извори од полицијата изјавиле дека записот е оштетен, но дека е можно да се преземат некои податоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top