Новогодишните одлуки често остануваат заборавени, но и оваа Нова година имате шанса да почнете од почеток. Ова се трите најдобри работи кои може да ги направите за себе и за вашата добробит.
1. Листа на вашите најголеми достигнувања во 2016 година
Ова е листа на работи на кои се гордеете. Тоа не мора да бидат важни работи за некој друг, но може да се лични врвови кои вие сте ги искачиле, препреки преку кои сте пребродиле.
Потсетете се на секое чувство на победа и секој трнлив пат до неа. Колку пати успешно сте ги решиле сите задачи, малите и големи животни проблеми и храбро сте тргнале понатаму.
2. Листа на се на што сте благодарни
Нова година е време кога размислуваме што треба да промениме во животот. Пред да тргнете со самокритикување, потсетете се на убавите работи што ви се случиле во годината што измина. На секоја свадба, секој академски успех, секоја работна победа, секое новороденче во семејството или на ваши блиски пријатели, секое обновувањ на старо пријателство. Мотиви за насмевка има многу, само мора да ги пронајдете.
3. Листа на работи кои едвај чекате да ви се случат во 2017 година
Иднината не може да ја прочитаме, но може да си поставиме цели и планови за неа. Напишете барем 5 работи, мали или големи, на кои ќе работите да ви се остварат во 2017. Можеби тоа е свадба, ваша или на блиска пријателка, нова дестинација за годишниот одмор или, пак, едноставно пролет, во која планирате да го уредите вашиот балкон со цвеќиња.
Во секој случај, останете со позитивна мисла. Животот не секогаш оди по планираниот пат, но тоа не значи дека ќе биде полошо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.