| четврток, 6 декември 2018 |

ИД повика: Наместо огномет – појаси со експлозиви

islamska-drzava

Исламистичка група, која е позната како поддржувач на организацијата Исламска држава (ИД), ги повика приврзаниците на џихадистите да организираат напади ширум Европа за време на претстојните новогодишни празници, соопшти американскиот Центар за следење на исламистички интернет страници СИТЕ.

– Нивните празнични прослави, клубови, панаѓури, театри, кина, трговски центри, па дури и болници, се иделани цели за напади, се наведува во видео пораката наменета за исламиситите во Еверопа објавена на интернет од групата „Нашир Медија Фандејшн“.

Во пораката натаму се порачува дека во текот на овој дочек на новата година, „ИД ќе ги замени петрадите со експлозиви и бомби“.

Групата во исто време испраќа апел до сите муслимани „до стојат подалеку од христијанските празнични прослави“.

Видео пораката е пропратена со фотографии на борци на ИД кои носат пушки и ножеви, како и на дедо мразовци, елени и елки.

Ваквиот повик доаѓа во време кога европските земји ги зајакнаа безбедносните мерки во пресрет на празниците, по нападот врз божиќниот панаѓур во Берлин минатиот понедлник, за што одговорност презеде ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top