| четврток, 6 декември 2018 |

И во Мадрид ќе се вози пар-непар

Градската власт на Мадрид се надева значително да го намали загадувањето на воздухот, откако првпат го ограничи движењето на автомобилите според бројот на регистерските таблички, пренесоа американските медиуми.

Мадридските власти соопштија дека со некои исклучоци на автомобилите со парни броеви утре нема да им се дозволи да се движат по коловозите меѓу 6,30 и 21 часот.

Веќе се воведени и други мерки, вклучувајќи ја и забраната за паркирање на автомобилите по улиците, што се сопственост на луѓе кои не живеат во шпанската престолнина, и ограничување на бризината на движење.

Градската управа, исто така соопшти дека мерките ги применува заради наднормалните нивоа на азотен диоксид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top