| четврток, 6 декември 2018 |

Наполи ги објави рекордните цени за билетите од осминафиналето против Реал Мадрид

napoli

Италијанскиот калчолигаш Наполи во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе ги одмери силите со актуелниот европски првак Реал Мадрид, и се реши тоа да го искористи за добро да ја наполни клупската каса. Раководството на „наполитанците“ постави рекордни цени на влезниците за дуелот што ќе се игра на „Сан Паоло“. Најевтините билети ќе чинат 50 евра, но најскапите достигнуваат цена и до 350 евра.

Наполи одлучи да ги продава билетите во два периоди. Во претпродажба ќе бидат малку поевтини, и ќе се движат од 50 евра во пределот кај најверните фанови на клубови, до 250 евра во централните редови на главната трибина. Токму овие билети во вториот продажен рок, кој е закажан од 31.јануари, па до средината на февруари, ќе достигнат и цена од 350 евра.

Сепак, и покрај ваквите цени на билетите, знаејќи ја страста на „наполитанците“ за фудбалот, јасно е дека целиот капацитет на стадионот „Сан Паоло“ ќе биде распродаден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top