Доколку СДСМ дојде на власт, треба да се направат две важни работи истакна вчера Љубомир Фрчковски од Социјалдемократскиот сојуз.
Според Фрчковски, прво треба да се распушти судството и да се избркаат постојните судии. Новите судии да ги бира странскиот фактор, колку и тоа да изгледа како Македонија да ја губи својата сувереност и протекторат.
-Јас мислам дека новата влада ќе биде опозциона целосно со сите албански партии внатре. Мислам дека ни претстои реизбор на судовите, значи мора да се изведе операција, за која е потребно голема мобилизација на генерален реизбор во која треба да бидат вклучени странците, во овој момент ние мораме да ги вклучиме странците во изборот. Тоа изгледа како протекторат, изгледа како темата на суверенитет, нека расправаат што сакаат, изјави Фрчковски.
Потоа тој додаде дека потребно е да се укинат сите дисперзирани факултети по градовите без оглед на тоа колку студенти би останале без образование и без оглед на тоа то професори и наставен кадар би останал без работа.
Фрчковски арогантно и навредливо нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ отворила факултети во секое село.
-Образованието е жестоко нападнато, веројатно како и во Албанија ќе се случи укинување на околу 50 факултети од таа државна мрежа на факултети по сите села. Тој пазар и структурата на нивото на студирање да се стегне, а тоа е жестока операција. Знаете штоз начи да укинте 35 факултета? Ајде студентите некако ќе се присоберат во транзиција, ама имате луѓе кои ќе останат на улица, изјави Фрчковски.
Дека рестриктивната политика не е став само на Фрчковски, туку дека се работи за политика на СДСМ говори и изјавата на Никола Поповски, поранешен министер за финансии од СДСМ, кој изјави дека доколку СДСМ формира влада, ќе ги намали пензиите и платите.
-Да речеме потенцијални жртви во реформите ќе биде јавната администрација, на еден или надруг начин, можеби никого нема да засегне на директен начин премногу, но вкупната потрошувачка за плати во јавната администрација мора да се смали. Дали ќе се смалуваат платите или нема да растат веќе или ќе се смали бројот на вработени или двете заедно, ќе има одредени жртви. Други можни жртви се пензионерите кои допрва ќе дојдат, кои со самото нивно пензионирање ќе имаат перспектива врз идните 20-30 години колку ќе живеат во просек, намалени пензиски примања и сега сите тие жртви заедно кога ќе треба да ги соберете, ќе треба некој или сите ние помалку да ги стегаме забите за да создадеме платформа за поголем успех. Сите сме свесни дека во последните 7-8 години нивото на реалните пензии драстично се зголеми над нивото на реалните плати. Тие и едните и другите стануваат недоволни за живот, но едните многу брзо отидоа напред, отколку другите и сега тој дебаланс и треба да се намали и пак ќе има жртви, вели Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)