| четврток, 6 декември 2018 |

Челси со парите од Оскар сака да го доведе Чалханоглу

hakan-calhanoglu

Англискиот премиерлигаш Челси го продаде Бразилецот Оскар во Шангај СИПГ и направи одлична зделка, инкасирајќи 60 милиони евра, а сега менаџерот Антонио Конте ќе се обиде да донесе квалитетна замена за него, која ќе чини можеби и тројно помалку. Италијанскиот стратег сака на „Стемфорд бриџ“ да го доведе Хакан Чалханоглу, играчот за врска на бундеслигашот Баер Леверкузен. Тој е одличен креатор на играта на „фармацевтите“, но речиси перфектно ги изведува и слободните удари.

Челси е подготвен за Чалханоглу да плати 20 милиони евра, и сака да го ангажира веќе во зимскиот преоден рок. Сепак, на ваква варијанта најверојатно нема да се сложи германскиот клуб, па трансферот ќе биде оставен да се реализира на лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top