| четврток, 6 декември 2018 |

Добрите резултати си го направија своето, Лина Ѓорческа ќе игра на Австралија опен

lina-gjorcheska-001

Лина Ѓорческа од година во година бележи сѐ подобри и подобри резултати и, секако, напредок на листата на ВТА , а тоа ѝ овозможува да може да настапи и на најголемите турнири, односно гранслем-турнирите.

Така по Отвореното првенство на САД, првиот македонски рекет ќе настапи и на првиот значаен турнир во јануари 2017 година, ОП на Австралија. Таа ќе игра во квалификациите во Мелбурн, информација која ја соопшти нејзиниот татко Владо Ѓорчески.

– Конечно е, сѐ е официјализирано. Лина ќе игра во квалификациите за главниот турнир во Мелбурн. Не дека не очекувавме, но ОП на Австралија е единствен од четирите гранслем-турнири на кои во квалификациите играат 96 тенисерки. На сите други во квалификациите играат 128 тенисерки. Тоа е затоа што ОП на Австралија дава најмногу вајлд-карти. Затоа и бевме малку загрижени оти пласманот ѝ беше на граница – вели Ѓорчески за весникот „Нова Македонија“.

Инаку, тетовката имаше импресивна 2016 година, триумфираше на вкупно 10 фјучерси во двете конкуренции, а воедно дебитираше и на турнирите на ВТА,  и тоа во Лимож. Лина во 2016 година напредуваше 148 места во поединечна конкуренција и 137 места во конкуренција на двојки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top