| четврток, 6 декември 2018 |

Вестбрук со овации поздравен во Мајами, за 30 минути оствари нов трипл-дабл (видео)

oklahoma

На гостувањето во Мајами, Оклахома Сити Тандер многу лесно стигна до победа од 94-106, а феноменалниот Расел Вестбрук за две и пол четвртини оствари „трипл-дабл“. Ова постигнување е 15 меч од вкупно 32 одиграни оваа сезона со „трипл-дабл“ со што доби искрени овации од симпатизерите на Мајами.

Веќе неколку месеци во сезоната Вестбрук има просек од „трипл-дабл“ бројки во регуларната сезона, што се случило само еднаш во НБА историјата со Оскар Робертсон пред 55 години. Ѕвездата на Оклахома мечот го заврши со 29 поени, 17 скока и 11 асистенции, што уште еднаш покажува дека во овој момент е убедливо најдобар кошаркар на планетата.

Хјустон ја продолжи низата на победи во дуелите со Далас, триумфирајќи на гости со 107-123. Џејмс Харден имаше ефект од 34 поени, 11 скока и пет асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top