Јасмин Репеша, искусниот хрватски стратег кој го води тимот на Емпорио Армани Милано би можел да добие отказ.
Милано доживеа неочекуван пораз од Реџана во италијанската Лега А (87-91), меч кој ги разочарал челниците. Наводно, двете страни веќе разговарале, а раскин на договорот ќе дојде во секој момент. Дополнително, клубот е разочаран и од настапите во Евролигата каде се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со скор 4-10.
Хрватскиот тренер кој има 55 години во Милано пристигна во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.