Министерот за правда на Косово, во телефонски разговор за Канал 5, негира дека првообвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, на кои во Основниот суд Скопје 1 во отсуство им се суди за тероризам, се и косовски државјани, иако до пред три дена го тврдеше спротивното.
– Тие немаат косовско државјанство, дури и не аплицирале за добивање косовско државјанство, што значи дека тие не се граѓани на Косово. Медиумските извештаи не се точни, ова е официјалната информација. Не можеме да кажеме ништо за судењето затоа што ние работиме независно од судот. Nе е важно што е кажано, туку дека Министерството за правда не кажало дека тие имаат косовско државјанство. Ние сме во редовна комуникација со македонските власти – изјави министерот за правда на Косово Хајредин Кучи за Канал 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“




