| четврток, 6 декември 2018 |

Косовскиот министер си призна: „Монструмите“ немаат косовско државјанство

hajredin-kuci12

Министерот за правда на Косово, во телефонски разговор за Канал 5, негира дека првообвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ,  на кои во Основниот суд Скопје 1 во отсуство им се суди за тероризам, се и косовски државјани, иако до пред три дена го тврдеше спротивното.

– Тие немаат косовско државјанство, дури и не аплицирале за добивање косовско државјанство, што значи дека тие не се граѓани на Косово. Медиумските извештаи не се точни, ова е официјалната информација. Не можеме да кажеме ништо за судењето затоа што ние работиме независно од судот.  Nе е важно што е кажано, туку дека Министерството за правда не кажало дека тие имаат косовско државјанство. Ние сме во редовна комуникација со македонските власти – изјави министерот за правда на Косово Хајредин Кучи за Канал 5.

monstrum

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top