Светскиот рекет број два Новак Ѓоковиќ го пријави својот настап на само четири турнири во првата половина од новата сезона.
Ѓоковиќ годината ќе ја отвори во Доха на 2 јануари, ќе настапи на Австралија опен, па на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами. Србинот го откажа настапот во првото коло во Дејвис купот против Русија (3-5 февруари) во Белград.
На овие турнири Новак Ѓоковиќ брани голем број на бодови и скоро да не смее да си дозволи пораз, ако сака да продолжи да го лови Енди Мареј на врвот на АТП листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.