| четврток, 6 декември 2018 |

Во никој случај не јадете пилешко месо за Нова година

Поставувањето на богата новогодишна трпеза нема за цел само да не нахрани, туку има и своја симболика.
Покрај традиционалната руска салата, свинско месо, зелка салата и торта, на трпезата свое место треба да најде и рибата и грозјето. Еве и зошто

Грозје
Грозјето пред се е симбол на сила и здравје, па се препорачува после полноќ да се изедат точно 12 зрна, за секој месец по едно, како цела година би биле здрави.

Риба
Со оглед на тоа дека за време на новогодишната ноќ се уште трае постот, рибата би требало да се најде на трпезата. Покрај тоа таа симболизира движење без препрека, па навестува лесна година во која сите работи ќе пливаат.

Свинско месо
Свинското месо е симбол на изобилство и богатство

Зелка салата
Зелката симболизира хармонија на природата, добра среќа и долговечност

Торта
Поради многу шеќер, тортата е симбол на сласт. Нека тортата има што повеќе состојки, за да новата година ви биде што посласна.

Она што никако не се препорачува да имате на трпезата е месо од перјани животни, бидејќи тие имаат крила, па симболизираат среќа која си оди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top