| четврток, 6 декември 2018 |

На Ивко од Ивкова Слава му должат 58.000 евра

Уште едно одлично издание на најгледаното ток-шоу во земјава, „Еден на Еден“. Во саботата гостин на Жаре му беше еден од најпознатите српски актери, Зоран Цвијановиќ. Повозрасната публика одлично го памети по многубројните улоги во едни од најпознатите балкански филмови и серии, кои и денеска се гледаат.

 Зоран во емисијата раскажуваше за своите улоги, искуства, а не заборави да го спомене и новиот филм „На млечниот пат“, каде глуми и една од најпознатите светски актерки, Моника Белучи.

 Зоран покажа и дека особено добро се сеќава на времето кога го снимаше култниот македонски филм „Тетовирање“, а уште еднаш не потсети на неговата реплика во филмот: „Бекни бе, ќе ми снема лента“.

 За сите оние кои го пропуштија саботното издание, емисијата е веќе објавена на Јутјуб. Освен гостувањето на Цвијановиќ, Жаре го имаше стандардниот монолог на почетокот од епизодата, а видовме и нова рубрика “Прашај го Спасе” во кој вие му поставувате прашања на Спасе! 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top