Во разочарувачката полусезона на Палермо единствена светла точка беше Илија Несторовски. Македонскиот ас од страна на многумина беше потценуван откако пристигна од Интер Запрешиќ, малку кој очекуваше дека ќе добие соодветна шанса во Калчо-лигата, но Несторовски блесна во сиот свој сјај и со бројни погодоци покажа дека е вистински лидер на нападот на сицилијанскиот клуб.
Токму затоа, официјалната веб-страница на Палермо токму со него го направи новогодишното интервју, во кое Македонецот уште еднаш скромно потенцираше дека приоритет не му се сопствените голови, туку успесите на тимови.
– Оваа 2016 беше добра година за мене, работев добро во Хрватска, а ги освоив и симпатиите во Палермо. Задоволен сум од личните успеси, но тоа не значи премногу ако се земе во предвид нашиот пласман на табелата. Сепак, мораме да останеме обединети и да дадеме се од себе во следниот период, има уште многу да се игра. Желба за Нова година ми е да обезбедиме опстанок со Палермо. Поддршката од навивачите сигурно ќе ни биде неопходна, но тие и досега беа со нас и очекувам да продолжат во ист стил – изјави Несторовски.
Македонецот воедно го издвои и својот најубав момент во 2016 година.
– Првиот гол во Серија А, оној за победа против Аталанта, дефинитивно ми е омилен момент во 2016 година – истакнува македонскиот голгетер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Драстични промени во италијанската Серија А од следната сезона
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот