Христијаните во Алепо вчера го прославиле Божиќ со огромна накитена елка, која засветила прв пат во последните пет години.
Божик може да се слави откако силите на претседателот Асад минатата седмица во целост го заземале градот по повлекувањето на бунтовниците. Многумина биле восхитени поради таа победа, го поздравуваат “враќањето на мирот во градот”, навела агенцијата Ројтерс, која, меѓутоа, укажала на патењето на илјадници луѓе кои морале да побегнат од областа на Алепо која била под контрола на бунтовниците и времето го минуваат во дивина. Хуманитарните групи предупредуваат дека многу од тие цивили се во опасност и дека има деца кои загинале.
Во речиси разурнатата катедрала, која се наоѓа на местото кое долго време било прва линија на фронтот, во стариот дел на градот, свештениците чекајќи го Божиќ се молеле за мир. Тоа била прва полноќна миса во последните 5 години, а присуствувале десетина верници, како и некои руски војници, наведува Ројтерс.
Христијаните во Алепо вчера го прославиле Божиќ со огромна накитена елка, која засветила прв пат во последните пет години.
Божиќ може да се слави откако силите на претседателот Асад минатата седмица во целост го заземале градот по повлекувањето на бунтовниците.
Многумина биле восхитени поради таа победа, го поздравуваат “враќањето на мирот во градот”, навела агенцијата Reuters, која, меѓутоа, укажала на патењето на илјадници луѓе кои морале да побегнат од областа на Алепо која била под контрола на бунтовниците и времето го минуваат во дивина. Хуманитарните групи предупредуваат дека многу од тие цивили се во опасност и дека има деца кои загинале.
Во речиси разурнатата катедрала, која се наоѓа на местото кое долго време било прва линија на фронтот, во стариот дел на градот, свештениците чекајќи го Божиќ се молеле за мир. Тоа била прва полноќна миса во последните 5 години, а присуствувале десетина верници, како и некои руски војници, наведува Reuters.
Во деловите од градот поштедени од уништување, кои биле под контрола на владините сили, рестораните биле преполни со христијани. Луѓе се веселеле и играле во населбата Азизи, каде засветила и божиќна елка – прв пат од 2012. година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)