| четврток, 6 декември 2018 |

ФФМ со донација за децата од средното училиште за рехабилитација „Св. Наум Охридски“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по повод педесетгодишнината од основањето на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје присуствуваше на свечената приредба изведена од страна на учениците од образовната институција.

Во рамките на манифестацијата директорот на училиштето Јордан Стојановски ја најави монографијата за постоењето и развојот на училиштето и врачи благодарници за искажани хумани гестови од страна на институции и поединци меѓу кои беше и ФФМ.

– ФФМ донираше спортска опрема за децата од интернатот кој функционира во рамки на училиштето. Нескромниот ентузијазам и залагање на наставниците кои работат со децата и придонесуваат за нивно интегрирање во општеството и прави сите кои на скромен начин помагаат преку донации да се чувствуваат убаво и корисно, соопштија од федерацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top