| четврток, 6 декември 2018 |

Овој хит е најскапата песна на естрадата (ВИДЕО)

ana nikolic

Една од најпопуларните пејачки во регионот, Ана Николиќ, на сцената се појави пред десет години и тоа со песната „Ромале ромали“, која се натпреваруваше на југословенскиот избор на песна за Евровизија – Беовизија. Уште тогаш Ана ги собра симпатиите на публиката, иако од политички причини не победи, а песната е хит и ден-денеска.

Оваа певлива песна е и најскапата песна на поранешната југословенска естрада. Уште на прво слушање песната влегува во уво, но не ни чудо ако се земе предвид колку чини. За овој хит Ана му платила на Кики Лесендриќ неверојатни 30.000 евра. Но, со оглед на тоа дека песната ја направи популарна преку ноќ, овие пари ѝ се одлично вложени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top