Полскиот напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски повторно е избран за фудбалер на годината во Полска. Левандовски шеста година по ред е избран за фудбалер на годината во својата земја откако во 2016 година го освои првенството и Купот на Германија, а во август беше победник и на Суперкупот на оваа земја.
Со полската репрезентација се пласира во четвртфиналето на Европското првенство, каде што загуби по изведувањето пенали од Португалија. Второто место со 19 гласа помалку од победникот го освои дефанзивецот на Монако, Камил Глик.
Гржегож Криховјак од ПСЖ, кој во мај оваа година во Базел го освои трофејот на Лига Европа со Севилја, го освои третото место во изборот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.