| четврток, 6 декември 2018 |

И Кавадарци се откажа од новогодишна прослава

Кавадарци го откажува  организираниот дочек на Нова година, финансиските средства кои беа предвидени за таа намена во висина меѓу три и пет илјади евра, ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Како што информира кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, со планираните средства требаше да се покријат трошоците за настапот на Ристо Самарџиев и Тајфата на Димо Дулот, огномет и слично.

-На наредната седница Советот на општината треба да одлучи за која хуманитарна намена ке бидат насочени овие средства. Размислуваме и средствата планирани за новогодишниот коктел во Собранието да се пренаменат во хуманитарни цели, вели денеска Панов.

Останува сепак на градскиот плоштад во Кавадарци да се одржат традиционалниот „Базар“ ,културно забавната програма која ја прават децата од сите училишта, настапите на учесниците на Фестивалот „Гроздоберче“, детските претстави и слични манифестации, со што нема да исчезене духот на прославата за Нова година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top