Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на најновата ВТА-листа забележа минимален скок во сингл-конкуренција, додека во двојки не направи напредок.
Спортистката на Македонија за 2016 година се наоѓа на 205. позиција на тениската листа, додека во двојки, таа останува на 129. позиција. Меѓу најдобрите 100 тенисерки во светот, промена направи само Нао Хибино, која од 95. позиција се искачи на 94. позиција, а Ирина Кромачева падна за едно место подолу.
Лидер на листата е Анжелика Кербер со 9.080 бода, пред Серена Вилијамс со 7.050, а по нив следат Агњешка Радванска, Симона Халеп и Доминика Цибулкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.