Неофицијално Република дознава дека причина за доцнењето на прес-конференцијата на Државната изборна комисија од цели три часа не е неможноста на Општинската изборна комисија да го состави записникот 21, како што рече претседателот на ДИК, туку тоа што претседателот на комисијата бил дрво пијан.
Наши извори велат дека Александар Чичаковски бил толку многу под дејство на алкохол, што било невозможно прес-конференцијата да се одржи во 21.30, како што беше закажано. Членовите на ДИК морале да почекаат Чичаковски да си дојде при себе за да може да ги прочита официјалните информации во врска со прегласувањето во Теарце пред камерите.
Од снимката можете самите да заклучите во каква состојба е претседателот на ДИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)