Не можете да ја украдете волјата на народот. Ова е пораката која вечерва ја испратија жителите на Теарце, кои ја потврдија победата на ВМРО-ДПМНЕ со освоен 51 пратенички мандат и ја потврдија волјата на народот. На СДСМ денеска му се случи народ, кој го верификуваше изборниот пораз на Зоран Заев.
Жителите на Теарце не потклекнаа на обидите на СДСМ и Зоран Заев да ја фалсификуваат волјата на народот изразена на изборите на 11 декември. Со прегласувањето во Теарце, се стави печат на исклучителнo важнатa победа на ВМРО-ДПМНЕ на деветтите парламентарни зибори во Република Македонија.
Ниту притисоците директно од СДСМ, ниту разни надворешни влијанија и притисоци од странски амбасади, ниту обидите за поткуп и видливиот постизборен инженеринг не беа доволни СДСМ да ја фалсификува волјата на народот и да ја украде победата преку ова прегласување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)