| четврток, 6 декември 2018 |

Купил комода стара 125 години и во неа нашол богатство, следниот негов чекор никој не го очекуваше (Видео)

Емил Кнодел (67) на една дворна распродажба во Белвил (Тексас) купил стара комода.

Го привлекол одличен спој на дрвото и мермерот, а кога сопственикот му кажал дека комодата е стара дури 125 години, Емил се воодушевил. Продавачот му ја продал комодата на Емил за само 100 долари. За време на транспорт и превртување на комодата, Емил и неговиот пријател слушнале дека нешто тропа во една од фиоките. Тоа што ги збунило е што знаеле дека сите фиоки од комодата се празни. Сепак тропањето продолжило, а Емил и неговиот пријател на крајот пронашле тајна преграда која бил полна со дијаманти, накит, пари и спомени од Граѓанската војна.

Иако содржината на таа преграда можеше да направи милионер од него, Емил сторил нешто неверојатно. Нешто за што голем број луѓе не ни сонуваат дека е возможно. Го повикал човекот кој му ја продал комодата и му го вратил богатството.

Продавачот кажал дека таа комода му припаѓала на неговото семејство, поточно, на неговите баба и дедо, но и дека не знаел за тајната преграда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top