| четврток, 6 декември 2018 |

Каква порака испрати кралицата Елизабета Втора за Божиќ? (Видео)

Во традиционалната божиќна порака британската кралица, Елизабета Втора истакна колку е важно да се прават мали работи, но со голема љубов.

Таа зборува за инспирација на „обичните луѓе кои вршат исклучителни случаи”.

-Погрешно е дека понекогаш си мислиме дека светските проблеми се толку големи што не можеме да направиме којзнае што, за да помогнеме. Ако дејствуваме сами, не можеме да ги спречиме војните или да ја отстраниме неправдата, но влијанието на илјадниците мали добри дела земени заедно, може да биде поголеми отколку замислуваме – вели кралицата.

Оваа година Елизабета Втора наполни 90 години и по смртта, во октомври, на тајландскиот крал Пумипон Адулјадет стана најдолго владејачкиот монарх во светот.

Таа го истакна инспиративниот пример на британските спортисти кои учествувале во Олимписките игри во Бразил, и на персоналот на базата на воздушната „Брза помош”, во која работи и нејзиниот внук, принцот Вилијам, работи како пилот на хеликоптер.

Кралицата за прв пат од 1988 година ја пропуши традиционалната црквена миса за Божиќ поради тешка настинка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top