Земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран крај Чиле, пренесоа агенциите, повикувајќи се на геофизички институт на САД.
Силниот земјотрес се случил на длабочина од 15 километри, со епицентар на 225 километри југозападно од јужниот крајбрежен град Пуерто Монт. Првичните податоци беа за магнитуда 7,6 степени.
Тихоокеанскиот центар за предупредување за цунами издаде предупредување за бранови цунами во радиус од 1.000 километри од епицентарот на земјотресот.
Претходно денеска земјотрес со интензитет од 5,4 степени имаше во северно Чиле, во близина на границата со Боливија, пренесе ТАСС, повикувајќи се на геофизички институт на САД. Земјотресот се случи на длабочина од 114 километри, со епицентар на 147 километри источно од северниот град Икике.
Засега нема податоци за жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)