| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанец прободен со нож во кафеана

МВР соопшти дека вчера околу 19:00 часот во Битола на ул.„Жикица Шпанац“ на влезната врата од куќата сопственост на Л.Ј., лицето Ј.К. (61) од Битола побарало помош жалејќи се на болки во градниот кош.

Од страна на Л.Ј. била повикана екипа на Итна медицинска помош по што лицето било пренесено во Клиничката болница-Битола, каде му е констатирана тешка телесна повреда односно убодна рана во пределот на десната страна на градниот кош.

Од извршениот разговор со повредениот, како што соопшти полицијата, кој бил видно под дејство на алкохол, посочил дека нападот го извршило непознато лице, во кафеана лоцирана во Градскиот пазар.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top