| четврток, 6 декември 2018 |

Киднаперите на либискиот авион користеле лажно оружје

Премиерот на Малта Џозеф Мускат изјави вечерва дека киднаперите на либискиот авион користеле лажно оружје.

Тој на неговиот Твитер профил наведе дека првите наоди на форензичарите покажале дека киднаперите користеле лажно оружје.

Според претходните извештаи, во авионот се пронајдени рачна бомба и два пиштоли.

Авионот „Ербас А320“ на авиокомпанијата „Африка ервејс“ кој сообраќал на внатрешен лет во Либија на релацијата Себха-Триполи, е киднапиран денеска и потоа е пренасочен кон Малта.

Во текот на денот киднаперите се предадоа и ги ослободија патниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top