| четврток, 6 декември 2018 |

Си ја продава урината за 1.500 денари – побарувачката е огромна

Трудна сум три месеци и продавам позитивни тестови за бременост. Цената на еден позитивен тест е 25 долари (oколу 1.500 денари), а доколку купувачот треба да помине повеќе од 95 километри за да дојде за примопредавањето, ќе му дадам два за 35 долари (2.000 денари), пишува во огласот на една трудна Американка од Флорида.

Таа вели дека побарувачката е голема и дека неа не ја интересираат причините зошто некој би купил ваков тест.

– Можеби сакаат да се пошегуваат со некого, да се насмеат на туѓа сметка или да му одмазди на поранешното момче, не ме интересира – изјавила девојката за „Хафингтон пост“.

 

Таа додава дека и онака мора да оди во тоалет барем десеттина пати на ден, а вака барем добива и пари за тоа.

– Студирам и морам некако да си го финансирам школувањето. Ова ми изгледаше идеално – вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top