| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел инсистира на побрза депортација на мигрантите

Берлин сака да ја забрза депортацијата на одбиените на азил и да го зголеми бројот на протерани, го известила германската канцеларка Ангела Меркел тунискиот претседател Бежи Каид Есебси во телефонски разговор.

-Многу важното прашање за депортација на Тунижаните кои немаат право да останат во Германија, му реков на тунискиот претседател дека треба значително да го забрзаме процесот на депортација и да го зголемиме бројот на вратените луѓе- пренесе Меркел за медиумите.

По нападот во Берлин нејзината влада ќе испита дали и колку е потребно да бидат направени политички и правни промени.

-Таму каде што се потребни промени во законодавството и мерките за безбедност, ќе преземеме и ќе оствариме неопходни чекори- најави Меркел и вети засилени мерки за безбедност во цела Германија.

Меркел се заблагодари на италијанските полицајци дека го застрелале Тунижанецот Анис Амри, кој беше главен осомничен за нападот. Сега истрагата ќе се фокусира на тоа да се утврди дали Амри имал соучесници или мрежа која го поддржувала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top