Премиерот на Малта Џозеф Мускат изјави денеска дека киднаперите на либискиот авион се предале.
– Киднаперите се однесени во притвор, изјави Мускат.
Претходно Малтешката телевизија објави дека беа ослободени сите патници од авионот.
Во авионот А320 имало 111 патници и седум члена на екипажот. Авионот летал на локална линија од Себха кон Триполи во Либија, но бил прунуден да слета на Малта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.